A380 на Airbus оди во историјата

45

Најголемиот патнички авион во светот A380 на Airbus ќе престане да се произведува. Двокатниот авион којшто требаше да биде револуција во авијацијата не ги исполни очекувањата, пишува CNN.

Европскиот производител изјави од 2021 година програмата за A380 ќе престане да функционира откако нивниот најголем клиент Emirates од Дубаи ги откажа нарачките за авионите. Airbus досега има испорачано само 234 од планираните 1.200 вакви авиони кога за прв пат го престави гигантскиот A380, пред 14 години.

Авиопревозниците денес повеќе ги одбираат полесните авиони, односно оние што не трошат многу гориво што не одеше во прилог на џамбо авионот на Airbus.

Фото: Pixabay