ABC наплаќа 2 милиони долари за реклама од 30 секунди на Оскарите

57

Изминатава година публиката на церемонијалните доделувања награди драстично се намалува среде пандемија на коронавирус, и како резултат на ова, Греми и Златните глобуси покажаа понизни рејтинзи.

И покрај очигледниот недостиг на интерес од гледачите, ABC наводно бара 2 милиони долари за да емитува реклама од 30 секунди на овогодинешните Оскари, објави Variety.

Најголемата филмска вечер обично носи мнгу пари од реклами, имајќи предвид дека Оскарите во 2020 година заработија речиси 130 милиони долари, додава порталот.

Извори запознаени со ситуацијата потврдија за Variety дека ABC, мрежата што ги емитува 93-те Оскари, наплатува приближно 2 милиони долари за рекламен спот од 30 секунди.

Фото: Pixabay