Абрамович снимен на аеродромот во Тел Авив, луѓето не можат да поверуваат како изгледа милијардерот! (ВИДЕО)

963

Рускиот милијардер и олигарх Роман Абромович бил забележан на аеродромот во Тел Авив. Фотографите на Ројтерс го фотографираа Абрамович на меѓународниот аеродром Бен Гурион, а се појави и видео кое го објави „Sky News“.

Санкции на Абрамович беа воведени од британската влада, а подоцна и од Европската унија. Рускиот олигарх одлучил да префрли две јахти и дури 14 авиони во Тел Авив, каде што се наоѓа во моментов, а бил снимен на покривот на аеродромот.

Многумина не го препознаа. Има брада, не изгледа баш одлично, а се гледа дека му е непријатно и само сака се да помине што побрзо.

Абрамович е меѓу седумте богати Руси на кои Велика Британија им го замрзна имотот, суспендиран е од позицијата директор на Челзи, тим кој се обидува што побрзо да го продаде.

Европската унија воведе санкции за сопственикот на „сините“ во рамките на новиот пакет казнени мерки против Русија. ЕУ го додаде 55-годишниот Абрамович на ажурираниот список на поединци чии имоти се замрзнати и имаат забрана за патување.

Тие изјавија дека Абрамович има привилегиран пристап кон „рускиот претседател Владимир Путин“ и дека со него „одржува многу добри односи“.

– Оваа врска со рускиот лидер му помогна да го задржи своето големо богатство – наведоа од ЕУ.