Абу Даби, новата дестинација за милијардерите

Абу Даби стана новото засолниште за милијардерите, покажуваат податоците од консултантската компанија за управување со имот M/HQ. Моментално во слободната економска зона АДГМ во Абу Даби се регистрирани 5.000 приватни компании, додека во 2016 година имало 46.

Според Блумберг, претприемачите ги привлекуваат гаранциите за заштита на имотот на странските јурисдикции и можноста да имаат корист од договорот за двојно оданочување на ОАЕ. Покрај тоа, големите инвеститори можат да добијат дозволи за долгорочен престој или државјанство од ОАЕ, пренесува Комерсант.

Консултантите специјализирани за Персискиот Залив наведуваат дека слободната зона на Абу Даби нуди безбедна алтернатива на традиционалните, но помалку предвидливи Девствени или Кајмански Острови. Предностите се и отсуството на барања за минимален одобрен капитал, отсуството на ограничувања за националноста на акционерите и леснотијата на пренос на акции.