АД ЕЛЕМ со известување за јавна набавка

43

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) разгледува можност за обезбедување заем на АД Електрани на Македонија, за финансирање на изградбата на фотонапонска електрана од 10 мегавати во близина на постојната ТЕЦ Осломеј, стои во официјалното соопштение.

Електраната ќе биде изградена врз исцрпениот рудник за јаглен во ТЕЦ Осломеј, а произведената електрична енергија ќе биде директно продадена во блиската мрежа.

Проектот е дел од стратегијата на АД ЕЛЕМ за замена на производството од јаглен со зголемено производство од обновливи извори на енергиjа. Изградбата на фотонапонската електрана ќе обезбеди чиста енергија во државата и во регионот кој има сериозни недостатоци од енергенси и високи нивоа на емисии на јаглерод.