АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи, струја не увезува

АД ЕСМ на 26.10.2022 година произведе 11.569 MWh електрична енергија.
Во Термоелектраните произведени се 8.449 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.120 MWh.
Производството на електрична енергија во АД ЕСМ за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено во двата блока на РЕК Битола и во Подружницата Енергетика.
Во РЕК Битола производството е интензивирано заради испадот на РЕК Осломеј каде се санира пукната цевка во котелот, што e најчест дефект во термоелектраните. РЕК Осломеј треба да биде повторно на мрежа од сабота, 29 октомври.
АД ЕСМ на 26.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.