АД Гранит бара 670 работници

62

granit Градежната компанија Гранит објави оглас за вработување на 670 лица, што ќе бидат ангажирани за изведување градежни работи на новите автопатишта Миладиновци – Свети Николе – Штип и Кичево – Охрид.
Компанијата има потреба од позициите градежен инженер, рударски инженер, раководител на градежна механизација, финансов извршител, минер, работник на каменолом, градежни работници.
Работното време за огласените работни места е од понеделник до петок, од 07:30 до 15:30 часот.
Огласот трае пет работни дена. Апликации може да се достават во ГД Гранит АД Дирекција Скопје на ул. Вељко Влахович бр. 8 или на и-мејл [email protected]