
Аџеј Банга, кандидатот на САД е избран за претседател на Светска банка, потврдија од институцијата преку соопштение.
Банга беше единствениот кандидат и неговиот избор не е изненадување.
Аџеј Банга е Американец со индиско потекло.
Тој ќе го замени Дејвид Малпас, исто така Американец. Тој треба да ја преземе функцијата на 1 јуни, соопшти Светска банка.
Новоизбраниот претседател во неколку наврати изјави дека сака да му даде приоритет на финансирањето на борбата против климатските промени и реформите на Светската банка.
Фото: Facebook