Германскиот производител на спортска опрема Adidas AG побара од американската канцеларија за трговски марки да ја одбие апликацијата за заштитен знак на трите паралелни ленти на здружението Black Lives Matter.
Адидас предупредува дека вака дизајнираниот заштитен знак може да ја доведе во заблуда јавноста и да создаде конфузија бидејќи трите паралелни ленти се препознаваат ширум светот како заштитен знак на Адидас, пренесува Ројтерс.
Претставниците на Адидас одбија да коментираат за барањето до Канцеларијата за трговски марки на САД, но Black Lives Matter исто така не одговориле на повиците за коментар за случајот, според Ројтерс.
Во поднесокот до Канцеларијата за трговски марки на САД, Адидас потсети дека го користи своето лого од 1952 година, нагласувајќи дека знакот се здобил со „меѓународна слава и огромно јавно признание“.
Фото: Facebook