
Адидас рече дека крајот на соработката со Канје Вест му „наштетила“ на бизнисот, а продажбата во Северна Америка е најтешко погодена.
Гигантот за спортска облека ја прекина врската со дизајнерот и рапер, кон крајот на минатата година, откако тој објави антисемитски коментари на социјалните мрежи.
Вест дизајнираше патики под брендот Yeezi, а Adidas соопшти дека загубата на овој бизнис ја намалила продажбата за 400 милиони евра во првиот квартал од годината. Севкупно, вкупните приходи паднаа за 1 процент.
Фото: Facebook