Адидас ќе ги распродаде преостанатите залихи на патиките Yeezy на Канје Вест

23

Адидас објави дека планира да ги продаде преостанатите залихи на патиките Yeezy, кои беа дизајнирани и произведени во поранешно партнерство со американскиот рапер и моден дизајнер Канје Вест.
Адидас ги прекина врските со Вест,  уште во 2022 година по серијата антисемитски коментари што ги даде на социјалните мрежи.

Минатата година, финансиите на германскиот производител на спортска облека беа погодени од прекинот на бизнисот со брендот Yeezy и со намалувањето на цените за намалување на залихите, се вели во соопштението на Адидас. И покрај значителните тешкотии, Адидас оствари оперативен профит од 268 милиони евра во 2023 година и очекува таа сума да биде речиси двојно поголема оваа година.

„Подобрувањето е резултат на подобрите оперативни перформанси од околу 100 милиони евра и одлуката да не се отпишат залихите на Yeezyво вредност од 268 милиони евра“, изјави извршниот директор на Adidas, Бјорн Гулден.

„Адидас“ соопшти дека сега планира да ги продаде преостанатите залихи на Yeezy  по „најмалата“ цена на производството, бидејќи се обидува да ги надомести загубите од некогаш профитабилното партнерство.