Германскиот производител на спортска опрема Adidas работи на развој на автоматизирано производство на спортска облека по мерка директно во продавниците, пишува Handelsblatt.
“Клиентите ќе имаат патики прилагодени на нивните потреби, коишто одлично ќе им одговараат на нивните стапала и начинот на одење“, изјави Глен Бенет, член на Управниот одбор на Adidas.
Користејќи опрема со висока технологија, во самата продавница може да им се земат мерки на клиентите и за неколку минути ќе ги добијат посакуваните патики.