Adidas направи патики од ѓубрето од океаните

60

388767

Adidas и организацијата Parley for the Oceans ги претставија првите патики во светот, чиј горен дел е целосно изработен од рециклиран отпад и мрежи извадени од океанското дно.

Организацијата Sea Shepherd, која е партнер на Parley, отпадот за изработка на патиките го собираше во 110 дневна експедиција, следејќи илегални бродови за лов во близината на брегот на Западна Африка, стои во соопштението на интернет страната на Adidas.

388801

Parley for the Oceans е организација која се залага за подигање на свеста за состојбата на океаните и соработува на проекти за нивна заштита. Adidas ја поддржа оваа организација во нејзините напори да стави крај на загадувањето на океаните со пластика.

388774

Овие патики не се за продажба, но до крајот на годината Adidas планира да претстави производи од рециклирана пластика и мрежи коишто ќе бидат достапни и за крајни корисници.