Adidas патики од Lego коцки

133

Компанијата за спортска опрема Adidas неодамна претстави нова верзија на патики, но со една интересна карактеристика.

Фановите на популарните Lego коцки сега можат да си направат пар фенси чевли – под брендот Adidas.

Имено, можно е да се направи и лева и десна патика, а сетот доаѓа со врвки. Покрај верзијата што служи како украс или играчка, секако постои и онаа што навистина може да се носи и е украсена со “култните елементи“ на брендот за играчки.

Легендарното лого на Adidas со линии се прави со Lego коцки, така што корисниците можат да прават модификации и да ги украсуваат своите чевли. Станува збор за модел наречен Adidas Ultraboost DNA X Lego Plates кој чини 200 американски долари.

Според описот на Adidas, овие патики се наменети за сите “градители, сонувачи и ризикувачи кои оставаат свој печат врз светот“. Патиките се изработени од рециклираниот материјал Primeblue, делумно создаден од океанска пластика.

Фото: Adidas