Adidas Photo Print е нова апликација што ја развива препознатливиот спортски бренд Adidas, во рамки на линијата на патики Adidas ZX Flux, пишува CNN.
Станува збор за апликација преку која ќе им овозможи на дизајнерите да одредат какви патики од серијата Adidas ZX Flux најмногу преферираат нивните клиенти. Оваа линија на патики е изработена од чисто платно на кое креативните фанови на патиките ќе можат да ги отпечатат своите омилени фотографии.
“Патиките се пред се дизајнирани за најголемите обожаватели на Adidas. Ова е забавен и интересен начин да се обрне поголемо внимание на фановите кои уживаат во Adidas патиките“, вели Мајк Бордмен, уредник на магазинот Paper и голем обожавател на патиките од овој светски бренд.
Adidas ќе ја објави апликацијата за iOS и Андроид, чија цел е нивните клиенти да изберат фотографии од Инстаграм што ќе можат да се пресликаат на патиките.
Планетарниот успех на Adidas со оваа апликација е скоро загарантиран, бидејќи прави спој меѓу иновативноста, квалитетот на патиките и желбите на клиентите.