Познатиот производител на спортска опрема, Adidas, планира да го пресели производството од Азија во матичната земја Германија. Се очекува трошоците за производство да се намалат со користење на роботи, пишува Ројтерс.
Adidas започна соработка со германската влада, тамошната академска заедница и компании за роботика на развој на нови технологии за кои се очекува дека ќе биде своевидна револуција во оваа индустрија. Следната година, патиките на Adidas пробно ќе почнат да ги изработуваат роботи, што ќе овозможи производството подоцна целосно да се пресели назад во Германија.
Иако трошоците за работна сила во Азија се значително пониски во однос на Германија, во пресметките не треба да се занемарат трошоците за транспорт, како и трендот на зголемување на платите во Кина.
Во истата индустрија, компанијата Nike веќе користи роботика за производство на нивните патики.