Adidas редизајнира патики од отпадна пластика

32

cq0299_01_standard

Фото: Adidas

Како дел од долгогодишната оработка со организацијата за заштита на животната средина Parley for the Oceans, Adidas го редизајнираше еден од своите најпознати класични модели од 90-тите, пишува Dezeen.

Нивните EQT Support ADV патики се изработени од предива направени од пластичен отпад собран од плажите и крајбрежните места на Малдивите. Ова е прв пат Adidas да користи пластика од Parley за да редизајнира патики од својата палета на оригинали.

Патиките ќе бидат достапни во две комбинации. Задниот дел од патиките е направен од рециклирана пластика, додека надворешниот дел на ѓонот е од рециклирана гума.

Моделот EQT Support ADV е последен во низата производи коишто доаѓаат од соработката помеѓу Adidas и Parley for the Oceans, којашто беше создадена од Кирил Гуч во 2012 година.