Адидас реши да ги продаде Yeezy патиките, дел од парите ќе бидат донирани

81

Компанијата за спортска опрема Адидас одлучила да продаде  патики и производи, кои ги направиле во соработка со раперот Канје Вест, а дел од парите да ги донира во хуманитарни цели, јавува Би-би-си.

Mинатата година германската компанија ја прекина соработката со раперот поради неговите антисемитски коментари, но таа одлука ги чинеше милиони во продажба.

Адидас има во магацините патики Yeezy вредни околу 1,2 милијарди евра.

Извршниот директор Бјорн Гулден рече дека Адидас ќе продава некои производи наместо да ги донира затоа што не сакаат да видат како производите индиректно стигнуваат на пазарот.

Тој додаде дека доколку компанијата одлучи да не го „пренамени“ преостанатиот залихи, ќе ја оштети оперативната добивка за околу 500 милиони евра оваа година.

Исто така, компанијата ја тужат инвеститори кои тврдат дека Адидас знаел за проблематичното однесување на раперот години пред да заврши партнерството.

Г-дин Гулден го бранеше долгогодишното партнерство на раперот со Адидас, нарекувајќи го музичарот „можеби најкреативниот ум во индустријата исто толку тежок како што беше тој“.