Адидас се согласи на голем нов закуп на канцеларии во центарот на Лос Анџелес

65

Адидас се согласи за нов, голем закуп на канцеларија во центарот на Лос Анџелес. Германскиот производител на спортска опрема изнајми огромен простор, на речиси 10.000 м2.

Договорот, според WSJ, е големо продолжување на работењето на Адидас во Лос Анџелес за маркетинг, продажба и дизајн – а ова е најголемиот закуп е потпишан во центарот на Лос Анџелес за повеќе од една година, според Brookfield Asset Management Inc.

Во 2017 година, Brookfield купи контролен удел во комплексот од 230.000 квадратни метри, познат како Калифорниски пазарен центар, во договор вреден 440 милиони долари.

Тоа беше центар на модната индустрија во тоа време.

Адидас, кој сега има само мала канцеларија во центарот на Лос Анџелес, првично ќе ги зазема последните катови на две меѓусебно поврзани згради. Компанијата го одбра овој имот  поради близината на нови хотели, апартмани, барови, ресторани и културни атракции.