Адидас во проблем – Не знае што да направи со илјадници патики

226

Извесен период, патиките Yeezy лансирани од Adidas и раперот Канје Вест беа едни од најбараните. Но, тоа во меѓувреме се промени, бидејќи раперот го навлече гневот на многу луѓе, поради неговите контроверзни објави на Интернет.

Тоа го чинеше Адидас.

Германскиот гигант за патики ја произведува линијата Yeezy, поточно моделите со потпис на Канје Вест, продавајќи ги по цени кои се движат од 200 до 600 долари.

Само од продажбата на тие патики, Адидас годишно бележи 500 милиони долари приход.

Иако сè уште не е познато што точно ќе прави компанијата со моделите, сега е сигурно дека тие нема да поминат добро во оваа приказна: можностите се движат од продажба без ознаката Yeezy до – буквално – палење на патиките.

На крајот на октомври, Адидас конечно се раздели со познатиот рапер, поради неговите антисемитски објави и медиумскиот притисок, како само „една од бројните компании“ што го направија тоа.

На почетокот, челниците на брендот мислеа дека можат да ги ребрендираат патиките на Yeezy и да ги продаваат со попуст, но таа стратегија можеби не е одржлива. Дополнително, Адидас неодамна изјави дека би можеле да бидат во големи загуби. Тие овој месец објавија дека би можеле да бидат „кратки“ за дури 1,3 милијарди долари приход и 530 милиони долари оперативен профит.

Според „Вашингтон пост“, спортскиот гигант засега има неколку опции на располагање, но ниту една не е многу привлечна.

Најсигурно е дека ги продаваат без етикета или ги продаваат преку аутлет продавници, односно драстично ја намалуваат цената. Третата опција  е да ги запали.

Иако практиката не е невообичаена во модната индустрија, со многу брендови – вклучително и Burberry и Louis Vuitton кои намерно уништуваа производи во минатото – сепак доаѓа со ризик поради низата потенцијални негативни коментари.