Adidas започнува масовно производство на 3D печатени патики

65

patiki

Фото: Adidas

Германската компанија Adidas претстави 3D испечатени патики и планира да започне со масовно производство наредната година, пишува CNBC.

Спортскиот гигант во соработка со стартапот од Силиконската долина, Carbon ќе произведува патики наречени Futurecraft 4D.

Целта е 3D печатењето да се прилагоди на масовното производство. Истовремено, со користењето на оваа технологија ќе се користат материјали што се поотпорни и долготрајни во однос на тие што се користат за стандардните патики.

Овој месец ќе бидат произведени 300 пара, а до крајот на годинава во продажба ќе бидат пуштени 5.000 пара. Од компанијата најавија дека ќе бидат произведени 100.000 3D испечатени патики до крајот на 2018 година.