Администрацијата на Бајден предлага да се зголеми данокот на добивка

22

Администрацијата на Бајден предлага да се зголеми данокот на добивка од 21 на 28 %. Во 2017 година, републиканците го намалија данокот на добивка од 35 на 21 %. 

Со зголемување на данокот ќе се плати планот на американскиот претседател Џо Бајден од 2,25 трилиони долари за модернизација на инфраструктурата. Белата куќа објави соопштение со планот пред говорот на Бајден закажан за подоцна денеска.

Планот предвидува 620 милијарди долари за транспорт; 650 милијарди долари се наменети за иницијативи за подобрување на квалитетот на животот во домот; 580 милијарди долари ќе бидат наменети за зајакнување на американското производство, истражување и развој и 400 милијарди долари за подобрување на грижата за старите лица и инвалидитте.

Зголемувањето на даноците целосно ќе ги исплати инвестициите во овој план во следните 15 години.

Фото: Pixabay