Adobe, Apple, Google и Intel ќе платат 324 милиони долари

24

apple-google-intel-adobeЧетирите големи технолошки гиганти Adobe, Apple, Google и Intel се согласија да платат 324 милиони долари преку вонсудско порамнување за да го избегнат судењето за заедничко намалување на платите на вработените.

Овие компании се согласиле на вонсудско порамнување само неколку недели пред почетокот на судењето за здружување во картел.

Против овие компании во 2011-тата година е поднесена тужба поради тврдењата дека со меѓународни договори забраниле вработување и намалување на платите.

Документите што се однесуваат на оваа тужба веќе долго време се појавуваат во јавност, а покажуваат дека политиката за забрана за вработување на талентирани лица од конкурентните компании навистина се спроведува во пракса.

За да се спречи натамошна штета, овие компании сепак решија да го избегнат судењето и да исплатат 324 милиони долари во рамки на ова вонсудско порамнување.

Пред јавноста овие компании признале дека имаат таканаречени џентлменски договори за невработување, но дека немале цел да им ги намалуваат платите на инженерите.