Adobe ја претстави мобилната апликација за потпишување PDF документи

1

adobe potpis

Потпишувањето PDF документи и нивно испраќање во електронска порака за многумина значи печатење, потпишување, скенирање и испраќање на документот. Овие “операции“ им одземаат скапоцено време и ресурси на голем број претприемачи и бизнисмени.

Како одговор на тоа Adobe претстави апликација што овозможува уредување на PDF документи и истата е наменета за мобилни уреди. Апликацијата овозможува едноставно потпишување на потребните PDF документи преку мобилен телефон или таблет, пишува порталот Нетокрација.

Станува збор за апликацијата Fill and Sign, што е претставена заедно со апликацијата Adobe Mobile и други cloud услуги под името Document Cloud. Овие две мобилни апликации овозможуваат креирање, уредување, коментирање и потпишување на документи директно преку мобилен уред. Преку апликациите може и да се скенира документ со камерата, за да може хартиените документи лесно да се претворат во дигитални, а потоа повторно може да се уредат, потпишат и на крајот да се испратат.

Целта на Document cloud е да прерасне во “револуционерен начин на користење на документите“. Апликациите се бесплатни, но претплатата на Document cloud ќе чини 12,99 долари месечно. Услугата ќе биде достапна за околу еден месец.