Адора Инженеринг им подарува вински викенд на купувачите на стан

47

vinski-vikend-za-kupuvacite-na-adora

По повод празникот на љубовта и виното, Свети Валентин и Свети Трифун, Адора инженеринг за секој купен стан со потпишан договор, од први до 20-ти февруари, подарува романтичен вински викенд, соопштуваат од компанијата.

Традицијата на градежниот бренд за награди и изненадувања на своите купувачи, овој пат продолжува со организирана посета на реномирана винарија во Македонија, каде среќата од новиот дом купувачите ќе ја дополнат со прекрасен викенд за двајца, славејќи ја љубовта со квалитетни вина од македонското поднебје.

Целта на Адора инженеринг е на  купувачите секогаш да им понуди повеќе од дом, како внимание за нив и семејството, со што им возвраќа за довербата со изборот на стан од оваа компанија, подарувајќи им убави моменти со најблиските.