Adria Airways ќе ги наплаќа сендвичите по празниците – оди кон модел на нискобуџетска авиокомпанија

24

adriaВеднаш по велигденските празници, на повеќето летови во економската класа на словенечкиот национален авиопревозник Adria Airways ќе бидат елиминирани бесплатните закуски и пијалоци. Во бизнис класата и изнајмените чартер летови ќе нема промени. Adria Airways во четвртокот ја претстави својата нова услуга SkyShop, која на патниците ќе им овозможи да купуваат храна и пијалоци по сопствен избор. Сервисот ќе стане оперативен веќе во вторник, пишува Дело.

Со новата бизнис стратегија, Adria Airways сака да се развива во насока комбинација на класична авиокомпанија и нискобуџетски превозник, изјави вчера на прес конференција директорот на маркетинг на оваа компанија, Изток Франко.

Според Франко, Adria Airways во првите три месеци оваа година го зголемила бројот на превезени патници за 10%, додека просечната цена на билетот е намалена за околу 5%.

Во последните 20 години во авиопревозот се присутни постојани промени, а особено е изразено агресивното доаѓање на нискобуџетски превозници, на што сака словенечката компанија да се адаптира. Поради трендовите што ги диктираат нискобуџетските компании, се менуваат и очекувањата на патниците и на нивните одлуки битно влијаат фактори како цената, возниот ред и безбедноста, додека останатите услуги како багаж, храна, резервација на седиште доаѓаат во втор план, објаснува Франко.