Adria Airways со продажба на авиони се спасува од стечај

21

Ljubljana 03.01.2011 - Adria airways.foto:Blaž Samec/DELO

Словенечкиот авиопревозник Adria Airways продаде два авиона од својата флота за да обезбеди тековна ликвидност во зимските месеци и да избегне можен стечај, пишува љубљански Дневник, пренесува Seebiz.

Надзорниот одбор на компанијата најпрво не се согласил со предлогот на управата за продажба и повторен наем на два авиона, но потоа дал дозвола, затоа што Adria Airways не може повеќе да смета на докапитализација од државата, која има 70% сопственост во оваа компанија.

Adria Airways минатата година продаде два авиона, хангар и терминал. Компанијата во последните неколку години работи со загуба, а од минатата година е ставена на листата 15 претпријатија во државна сопственост кои ќе одат на продажба.