Adria Airways воведува Last Minute билети

78

adria

За патниците кои се одлучуваат да летаат во последен момент, словенечката авиокомпанија Adria Airways ја воведува услугата Last Minute на повеќето свои редовни линии. За овие патници, повратните билети сега се достапни по поволни цени, почнувајќи од 169 евра, пишува Дело.

Постапката е едноставна, функционира по принципот “види, купи, летај”. Билетите треба да се купат најмногу 14, а најмалку 4 дена пред летот на избраната дестинација, а патниците мораат на таа дестинација да останат викенд и максимално осум дена. Патниците со купен last minute билет ги имаат истите услови како и сите други патници на Adria Airways во однос на багажот и чекирањето.

Од компанијата сметаат дека оваа услуга ќе им овозможи можност за екскурзии, посета на омилените места или краток одмор на поширока група патници.