Втора година по ред, Adriatic Osiguranje е лидер во осигурувањето во Босна и Хецеговина.
Пазарниот удел на осигурителното друштво Adriatic Osiguranje во делот на премијата на компанијата изнесува 12,9%.
Бруто полисираната премија на компанијата за 2019 година е 35 милиони евра, со раст од 4% во однос на 2018 година.
Портфолиото на компанијата ги содржи сите видови животно и неживотно осигурување, а поголемиот дел од портфолиото се состои од осигурување на моторна одговорност, во коешто тие се и лидер на пазарот, со удел од 18,9% во премија на компании со седиште во БиХ.