Adrifund – прва словенечка платформа за групно финансирање

46

adrifund

Претприемачите од Словенија, од март оваа година, имаат можност да ги претстават своите проекти и да побараат финансиска поддршка за нив преку првата платформа за групно финансирање во земјата – Adrifund.

Основач на Adrifund е Матеј Раух, кој идејата за отворање на ваква платформа ја доби по студискиот престој на Исланд. По неговото дипломирање основа самостојна фирма и се поврзува со партнери од Исланд и така го создаваат Adrifund.

“Додека студирав се запрашав зошто толку добро успеваат crowdfunding платформите на Исланд. Бидејќи имав познавање од правото, но не ја знаев техниката за реализација на тој деловен потфат, најдов партнери од исландската платформа Karolina fund“, вели Раух, пренесува Пословни дневник.

Платформата на крајот на март започна со седум проекти и собра повеќе од 40.000 евра.