Адвокатското друштво Апостолска и Александровски стана членка на глобалната мрежа Nextlaw Global Referral Network

160

aa1

Адвокатското друштво Апостолска и Александровски стана членка на глобалната соработничка мрежа Nextlaw Global Referral Network – најголемата мрежа на адвокатски фирми во светот со 283 членки, 18.600 адвокати од 160 земји.

“Ова членство претставува доказ дека напорната работа и квалитетните услуги не поминуваат незабележано од нашите странски соработници и партнери. Но, она што е најважно е што со нашето членство во Nextlaw Global Referral Network ќе бидеме во можност на нашите клиенти, како и на останатите македонски компании да им препорачаме врвни правни застапници во 160 земји во светот и што ќе имаме пристап до ресурсите на една од најдобрите адвокатски фирми во светот, Dentons”, изјави Игор Александровски, партнер во Адвокатското друштво.

Во оваа прилика, Џеф Модисет, извршен директор на Nextlaw Global Referral Network, изјави: “Горди сме што Адвокатското друштво Апостолска и Александровски од Македонија се наши членови. Ние сме онолку добри колку што се добри и нашите членки. Членството на Апостолска и Александровски во нашата мрежа нè прави посилни и нè става во позиција на нашите клиенти да им понудиме квалитетни правни услуги на територијата на Македонија.”

Мрежата е креирана од страна на најголемата адвокатска фирма во светот Дентонс (Dentons). Денес Nextlaw Global Referral Network е најголемата мрежа на адвокатски фирми во светот со 283 членки, 18.600 адвокати од 160 земји. Членството е бесплатно, но секој претендент за членство поминува низ детален скрининг процес преку кој се гарантира квалитетот и нивото на услугите кои ги имаат членките.

Апостолска и Александровски е модерно и технолошки напредно адвокатско друштво специјализирано во областа на бизнис – корпоративното право и нуди правни услуги со индивидуален пристап кон секој проблем со кој се соочуваат клиентите, што доведува до изнаоѓање на “решенија по мерка“ кои имаат позитивно влијание врз деловните операции на клиентот.