Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе го организира првиот Јавен состанок за 2016 година, пишува Миа.
На состанокот сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат за регулаторните активности и мерки на Агенцијата во првите шест месеци и за планираните до крајот на 2016 година.
Посебен акцент ќе им биде посветен на активностите на АЕК во врска со состојбата и движењата на пазарот на мобилната телефонија и мерките во врска со регулација на работата и цените на мобилните оператори.
Вториот значаен сегмент се активностите во врска со регулација на брзиот интернет на фиксни мрежи и безбедноста на интернет мрежите.
Во рамки на презентацијата, исто така, АЕК ќе ги претстави и активностите и мерките за континуирано унапредување на правата на корисниците и решавање на споровите помеѓу корисниците и операторите.