АЕК започнува со мерење на квалитетот на услугите на операторите

24

aplikacijaАгенцијата за електронски комуникации од денес почнува со мерења на квалитетот на услугите од телекомуникациските оператори.

Со новата мерна опрема, која е поставена на Зајчев рид, АЕК ќе ги мери параметрите на услугите што ги даваат операторите.

Опремата ќе биде промовирана денес, а на презентацијата ќе присуствува директорот на АЕК, Роберт Орданоски.

Според новиот правилник на АЕК, операторите треба да исполнуваат одреден минимум параметри на услугите што им ги даваат на граѓаните.