Aequorea – подводен град од рециклиран отпад

87

UntitledБелгискиот архитект Винсент Калебут разви план за изградба на фасцинантен град којшто ќе никне од рециклиран отпад, пишува CNN. Овие футуристички солитери би требало да бидат 1.000 метри под вода, а планот е комплетно да се изградат со 3D печатач од рециклирана пластика.

Наречен е според еден вид светлечка медуза Aequorea, а концептот е да се нагласи моменталната глобална подводна состојба, односно исчезнувањето на природните ресурси и потреба за чистење на океаните. Подводните облакодери би биле во целост составени од материјал добиен од мешање на алги и различен вид на отпад, коишто со помош на 3D печатење би создале широка мрежа на градски кули и комплекси.

Планирано е да има 500 метарски куполи – пристаништа дизајнирани да им овозможат на станарите пристап во подводното опкружување.

Освен простор за живеење, Aequorea ќе вклучува и лаборатории, канцеларии, хотели, терени за спорт и фарми низ своите 250 катови.

Моментално овој план е само идеја којашто би можела да се оствари со оглед на тоа што технологијата брзо напредува. Рециклирањето на отпадот може да создаде нови и одржливи структури коишто би биле последна шанса да се продолжи понатаму.

luksuz-living-arhitektura-grad-od recikliranog-otpada-01 (15)luksuz-living-arhitektura-grad-od recikliranog-otpada-01 (11)luksuz-living-arhitektura-grad-od recikliranog-otpada-01 (14)luksuz-living-arhitektura-grad-od recikliranog-otpada-01 (10)luksuz-living-arhitektura-grad-od recikliranog-otpada-01 (4)luksuz-living-arhitektura-grad-od recikliranog-otpada-01 (3)