Аеродромите на поранешна Југославија опслужија вкупно 32.114.233 патници во периодот од јануари до октомври 2024 година, додека само во октомври се регистрирани 3,17 милиони патници. Некои аеродроми остварија значителни стапки на раст, додека други забележаа пад на бројот на патници во споредба со истиот период лани.
Бројот на патници на аеродромите во поранешна Југославија во октомври 2024 година:
Белград – 752.007
Загреб – 416.662
Приштина – 355.280
Дубровник – 307.527
Сплит – 306.159
Скопје – 268.936
Сараево – 148.402
Подгорица – 146.372
Љубљана – 127.572
Тиват – 96.686
Задар – 88.478
Бања Лука – 37.758
Ниш – 31.775
Пула – 23.245
Тузла – 19.192
Охрид – 14.740
Риека – 5.740
Осиек – 4.870
Мостар – 4.740
Осиек – 1.210
Краљево – 1.003
Брач – 563
Марибор – 14
Од аеродромите со најзначаен раст на бројот на патници во октомври се издвоија Тиват, Сараево и Дубровник. Аеродромот Тиват забележа импресивен раст од 61,3% во однос на октомври минатата година, додека Сараево забележа раст од 32,1%, а Дубровник за 26,7%. Овие резултати ја истакнуваат зголемената важност на овие дестинации, особено за време на постсезоната, пренесува ExYuAviationNews.
Бројот на патници на аеродромите на поранешна Југославија во периодот јануари – октомври 2024 година:
Белград – 7.175.614
Загреб – 3.681.956
Сплит – 3.578.694
Приштина – 3.403.717
Дубровник – 2.875.865
Скопје – 2.522.871
Задар – 1.588.837
Сараево – 1.587.583
Подгорица – 1.566.693
Љубљана – 1.262.873
Тиват – 1.085.951
Пула – 502.032
Бања Лука – 335.114
Ниш – 314.643
Охрид – 196.435
Тузла- 171.425
Риека – 142.341
Осиек – 42.743
Мостар – 41.855
Брач – 21.850
Краљево – 12.499
Марибор – 2.06
Од друга страна, некои аеродроми бележат намалување на бројот на патници. Најголема загуба имаа помалите дестинации како Марибор со пад од дури 72,2 отсто и Риека која имаше 65,1 отсто помалку патници во однос на октомври 2023 година. Од поголемите аеродроми Ниш загуби 9,6 отсто од патниците, а негативни резултати забележаа и Подгорица, Бања Лука, Охрид, Осиек и Брач.
Фото: Pixabay