Аеродромот Ататурк по втор пат најдобар во јужна Европа

59

ataturk aerodromНајпрометниот и најдинамичниот аеродромот во Турција, Ататурк аеродромот во Истанбул доби меѓународно признание и беше прогласен за најдобар аеродром во јужна Европа по втор пат. Според резултатите на Skytrax World Airport Awards 2013, авио центарот во Истанбул по втор пат е прогласен за најдобар аеродром во јужна Европа, по добивањето на наградата во 2010 година. Минатогодишниот број еден аеродром Барселона – Ел Прат аеродромот го освои второто место оваа година, а по него е уште еден шпански аеродром, Мадрид Barajas аеродромот, пишува Заман.

Директорот за развој на ТАВ Холдинг, Серкан Каптан, при примањето на наградата во Брисел изјави дека компанијата е горда што ја претставува Турција во глобалниот воздухопловен сектор и дека ќе продолжат во остварување на целите.

“ТАВ нема да престане со инвестиции во Ататурк и ќе продолжиме да го подобруваме квалитетот на услугите што ги нудиме”, рече Каптан.

ТАВ Аеродроми освен со Ататурк аеродромот во Истанбул, оперира и со турските аеродроми во Анкара, Измир и Анталија, а надвор од Турција оперира во Македонија, Грузија и Тунис.