Аеродромот Истанбул е најпрометниот во Европа

77

Турскиот аеродром во Истанбул остана најпрометниот во Европа со просечни 1.229 дневни летови во јануари 2023 година, објави во вторникот Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (Евроконтрол).
Податоците на Еуроконтрол покажаа дека следуваат лондонскиот аеродром Хитроу со 1.104 дневни летови и аеродромот Шарл де Гол во Париз со 1.046 летови.

Аеродромите Хитроу и Шарл де Гол достигнаа 91 и 87 отсто од нивото пред пандемијата на коронавирус.

– Авиосообраќајот низ Европа во јануари остана на 86 отсто од нивото во 2019 година, но има забележителни варијации во стапката на закрепнување – соопшти Еуроконтрол, пренесува Анадолија.

Обединетото Кралство е земја со најмногу летови, со 4.022 лета дневно во просек, потоа Германија со 3.327 летови и Шпанија со 3.312 летови дневно.

Фото: Facebook