Аеродромот Никола Тесла во Белград започна инвестициски циклус вреден 20 милиони евра

18

nikola tesla

Аеродромот Никола Тесла во Белград започна двогодишен инвестициски циклус вреден 20,2 милиони евра, со кој ќе бидат проширени терминалните капацитети за 20%, односно за 11.000 нови метри квадратни. Планирана е и изградба меѓу три и осум илјади метри квадратни комерцијални содржини.

Директорката за инвестиции и развој на аеродромот Никола Тесла, Ана Луковиќ истакна дека 2014 година беше рекордна година за ова претпријатие на сите полиња и поради тоа аеродромот одлучи да ги зголеми капацитетите, јавува Танјуг.

Аеродромот во 2014 година забележа раст на патниците од 31% и трендот на раст продолжува и во првите три месеци од оваа година. Низ аеродромот минатата година минале 4,6 милиони патници, а вкупниот капацитет е 5,5 милиони патници. Приходите лани биле поголеми за 56% и изнесувале 89,1 милиони евра, а нето добивката изнесувала 26,8 милиони евра.