Аеродромот во Дубровник добива два воздушни моста вредни милион евра

58

vozdusen most

Аеродромот во Дубровник до крајот на годината ќе добие два воздушни моста кои на патниците ќе им овозможат таканречен сув премин од аеродромската зграда до авионот, пишува Дубровачки дневник.

Главниот директор на аеродромот, Роко Толиќ, рекол дека на меѓународниот натпревар за изградба на овие мостови победи кинеската групација CIMC, а подготовките се веќе во тек.

“Проектот ќе не чини околу 1.100.000 евра, а работите ќе почнат на крајот на октомври за да може да финишираат до крајот на декември. Тунелите веќе се завршени во Кина и тие доаѓаат со брод на пристаништето Плоче од каде со посебен транспорт ќе бидат пренесени во Дубровник. Тоа се композиции што ќе бидат долги околу 25 метри“, вели Томислав Мацан, директор на аеродромот за техника и инженеринг.

Станува збор за најголемиот технолошки проект и успех на аеродромот во Дубровник, бидеќи ниту еден аеродром во Хрватска, па ниту оној во Загреб нема вакви мостови.

Овие мостови ја зголемуваат безбедноста на патниците и овозможуваат поголем проток на луѓе. Голем број аеродроми имаат отпор кон вакви објекти поради нивната висока цена. Користењето на воздушните мостови им се наплаќа на авиопревозниците.