Аеродромот во Истанбул е најпрометниот во Европа

121

Аеродромот во Истанбул бил најфреквентен во Европа со просечни 1.517 летови дневно во периодот од 14 до 21 август, јавува Anadolu.
Европската асоцијација за безбедност на воздушниот сообраќај го објави Европскиот извештај за воздушен сообраќај за периодот од 14 до 21 август.

Според резултатите од извештајот, аеродромот во Истанбул е рангиран на прво место меѓу најпрометните европски аеродроми со просечни 1.517 летови дневно.

Следува аеродромот Шипхол во Амстердам со просечни 1.368 дневни летови и парискиот аеродром „Шарл де Гол“ со 1.338 летови.

Минатата година на аеродромот во Истанбул слетале и полетале 425.890 авиони, додека патничкиот сообраќај изнесувал 64,3 милиони.