Аеродромот во Истанбул е најпрометниот во Европа

96

Турскиот аеродром во Истанбул беше најпрометниот воздушен центар во Европа помеѓу 16 јуни и 2 јули со просечни 1.525 дневни летови, покажуваат податоците на Европската организација за безбедност на воздушната навигација Eurocontrol.

Следи аеродромот во Амстердам со 1.370 дневни летови, потоа Париз-Шарл де Гол со 1.351 лет, Франкфурт со 1.314 летови и Лондон Хитроу со 1.306 летови, покажуваат податоците на Eurocontrol, јавува Anadolu Agency.

Аеродромот Анталија во турското медитеранско одморалиште е на седмото место на листата на најпрометни воздушни центри во Европа.

Три од топ 10 аеродроми – Истанбул, Анталија и Палма де Мајорка – имаа обем на сообраќај над нивото што беа пред почетокот на пандемијата Ковид-19.

Велика Британија беше најпрометната земја, со 6.122 летови, вклучително и прелети, во текот на изминатата недела. Следеа Шпанија со 5.437 летови, Германија со 5.245 летови, Франција со 4.793 летови и Италија со 4.345 летови од 16 јуни до 2 јули.

Турција се рангираше на шестото место во најпрометните земји во Европа со 3.892 летови минатата недела, што е значително над нивото од 2019 година.

Меѓу првите 10 авиокомпании, само Wizz Air Group, Ryanair Group и Turkish Airlines постигнаа многу над нивоата пред вирусот, со зголемување од 36 отсто, 25 отсто и 13 отсто, соодветно.

Рајанер беше водечка авиокомпанија со 2.273 дневни летови, а easyJet беше на второ место со 1.732 дневни летови. Трет по големина просечни дневни летови имаше Туркиш ерлајнс со 1.685 дневни летови.

Фото: Facebook