Аеродромите во светот во 2020 година поради пандемијата и ограничените патувања имаат голем пад на бројот на патници меѓу 70 и 80%, но некои имале и помал пад, како што е најголемиот руски аеродром Шереметјево, што од осми стана петти најпрометен аеродром во Европа.
Податоците на Светската туристичка мрежа покажуваат дека Шереметјево како најголем во Русија за патнички и товарен промет, во 2020 година услужи 19,8 милиони патници, со што забележа скок за три места во Европа.
На прво место за оваа година, по комплетирање на податоците за промет на сите аеродроми во Европа се очекува да биде оној во Истанбул, којшто на таа позиција беше и минатата година со околу 23,4 милиони патници и за којшто се предвидува дека поради капацитетите на новиот терминал и во следните години ќе биде водечки во Европа по бројот на патници.
На второ место по бројот на патници за 2020 година беше францускиот аеродром Шар де Гол во Париз којшто досега пријави околу 21,1 милион патници, додека трет е Хитроу во Лондон.
Се очекува овој аеродром во Лондон да биде најголем “губитник“ меѓу аеродромите во Евроа, иако сите забележале загуби поради пандемијата.
Фото: Freepik