Аеродромот во Сингапур развива технологија за детекција на патници кои доцнат

12

Фото: Facebook

Аеродромот Changi во Сингапур, којшто шест пати по ред е рангиран како како најдобар од страна на Skytrax, развива софтвер што ќе ги детектира патниците, пишува Reuters.

Така доколку некој доцни системот ќе го пронајде каде се наоѓа и ќе прати известување за патникот.

Новиот терминал на Changi T4, веќе користи технологија на препознавње на лица, со цел да се забрза процесот на пријавување, проверка на багажот и слично.

Со помош на оваа технологија нема повеќе редици и се намалува бројот на вработени на терминалите.

Сепак системот се уште треба да помине низ ред одобрувања и анализи, со оглед на тоа што постои сомнеж за нарушување на приватноста на патниците.