Лабораториските испитувања спроведени во Македонија на производите на хрватски Дукат потврдија дека во млекото “Лагано јутро” има зголемено присуство на афлатоксин М1.
Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринaрство, добиените резултати од лабораториските испитувања спроведени од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдија зголемено присуство на афлатоксинот М1 со просечна вредност од 0,152 микрограми на килограм. Станува збор за анализираните мостри од 360 литри трајно млеко од овој бренд, кои се наоѓаат под надзор во магацините на увозникот, односно кои не се пуштени во промет.
Овие количини ќе бидат нештетно уништени.