Агенцијата А.М. Бест ја подобри среднорочната перспектива на Заваровалница Триглав од стабилна во позитивна

20

triglav

Агенцијата за кредитен рејтинг, А.М. Бест, по редовната годишна ревизија, на 03.10.2014 година, на Заваровалница Триглав, повторно и додели бонитетна оцена за финансиска моќ “А-“ (одлично) и бонитетна оцена за кредитна способност како издавач “А-“ (одлично). Бонитетните оценки се одраз на солидната адекаватност на капиталот, прилагодена на ризиците, добрите деловни резултати и доминантната конкурентна положба на словенечкиот пазар.

Агенцијата за кредитен рејтинг, А.М. Бест ги подобри среднорочните изгледи на Заваровалница Триглав од стабилни во позитивни. Овој рејтинг агенцијата го објаснува со подобрување на изгледите, како резултат на континуираното успешно работење на компанијата и покрај тешките услови на осигурителниот пазар во Словенија. На пазарите од Jугоисточна Европа, Групацијата го продолжува јакнењето на својот веќе познат бренд, а воедно ги спроведува планираните активности за иден раст. Во согласност со стратешките цели, работењето на Групацијата Триглав до 2017 година е фокусирано на основната дејност на осигурување, на профитабилноста и на сигурното работење, како и на идниот контролиран раст и развој.

Дополнително, А.М. Бест повторно ги потврди и одличните бонитетни оценки на зависното друштво на Заваровалница Триглав,  Позаваровалница Триглав Ре и на тој начин ја потврди улогата на оваа компанија во спроведувањето на стратешките цели на Групацијата Триглав. Бонитетните оценки имаат стабилна прогноза на среден рок.