АХВ одговорија дали има небезбедна хималајска сол и кај нас

24

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера го прогласија за неупотребливо и наредија уништување на приближно два тони замрзнато свинско месо  по потекло од Република Грција, чиј шверц беше спречен викендов од страна на мобилна екипа на Царинската управа. За запленетите количини, вчера АХВ беше официјално известена од Царинска управа, врз основа на што беше издадена и наредбата за  нештетно уништување на небезбедното месо.

АХВ ја информира јавноста дека до овој момент, преку Системот за брзо информирање за Европската унија нема добиено известување за пласирана небезбедна серија хималајска сол од брендот Котами, која поради утврдено присуство на пластика во одредени серии се повлекува од пазарот  во некои од земјите од регионот.

Како одговорна институција за безбедноста на храната АХВ ќе ја следи состојбата и доколку има потреба, навремено ќе бидат преземени соодветни мерки.