АХВ со вонредни контроли влезе во 92 објекти.
16 игротеки во земјава служеле прехрамбени производи иако не биле регистрирани како оператори со храна, кај осум е утврдено дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса.
Инспекторите утврдиле и дека дел од вработените немаат спроведено здравствени прегледи.
Со контролите било утврдено и отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што се запленети и уништени над 11 килограми млечни производи.
За утврдените недоследности издадени се 19 решенија, времено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се парични казни.