АИК Банка ја купува Сбербанк во неколку земји во регионот

59

Сбербанк Европа постигна договор со група инвеститори за продажба на банки-ќерки во Источна и Централна Европа, соопшти прес-службата на банката.

Вкупната вредност на договорот е околу 500 милиони евра, а банките-ќерки се продаваат во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија и Словенија.

Како што се наведува, договорот е потпишан со компаниите АИК Банка а.д. Белград, Горењска банка д.д. Крањ и Агри Европа Кипар Лимитед.

Вкупната актива на овие банки изнесува 7.329 милијарди евра. Има 162 филијали и 600.000 клиенти. Се очекува договорот да биде одобрен во 2022 година, јавуваат белградските медиуми.

Како што објаснуваат во банката, донесена е одлука за намалување на присуството во Централна и Источна Европа со цел да се фокусира на нови пазари и нови бизнис модели.

Според постоечкиот модел во рамките на Сбербанк Европа, продолжува да работи само Сбербанк Чешка. АИК банка потпиша купопродажен договор за преземање на Сбербанк Србија, како дел од проширувањето на работењето на својата банкарска групација на шест пазари.