Air Co. Vodka – вотка од воздух, сонце и вода

142

Air Co. Vodka, според креаторите стартапот Аir co. и дизајнерското студио Јoe Doucet x partners (JDXP), е вотка направена од сонце, воздух и вода.

Првата одржлива вотка во светот ги користи само овие три природни елементи за да создаде ултра рафиниран алкохол.

Пијалакот не само што е јаглеродно неутрален, туку и отстранува речиси половина килограм јаглерод диоксид од атмосферата со секое произведено шише.

Самиот дизајн на производот е минималистички како и етикетата којашто е залепена со нетоксични лепила. Таа може лесно да се отстрани од кристалното шише и на тој начин амбалажата повторно да се искористи за друг пијалак.

Air Co. Vodkа е првиот производ на стартапот од Њујорк што ќе биде пласиран на пазарот.

Фото: JDXP