Air Dog – дрон што користи сензори наместо далечинско управување

38

air dog 1

Компанијата од Латвија Helico Aerospace Industries креираше беспилотно летало – Air Dog, што користи сензори наместо далечинско управување, и самостојно избира каде да оди.

Технологијата на безпилотни летала бележи постојан напредок, а оваа млада компанија од Латвија покажа дека дизајнирањето на летала може да биде мошне успешен бизнис.

Како што камерите стануваат се помали и поквалитетни, спортските ентузијасти ширум светот едвај ја дочекаа приликата да ги снимат свои подвизи на иновативен начин.

air dog 2

“Технологијата на Air Dog е многу комплицирана. Корисникот носи нараквица која, со помош на сензори, го следи движењето на леталото. Кога корисникот се движи, леталото го следи неговото движење и во исто време ја фокусира камерата кон него. За таа технологија беа потребни многу иновации, а имаме пет решенија кои се единствени за нашиот производ“, вели Јанис Спогис, коосновач на Helico Aerospace Industries.

Дронот тежи 1,6 килограми, а за снимање на активностите на корисникот задолжена е Go Pro камера, а рамката е стабилизирана и може да достигне брзина до 70 километри на час, доволно брзо да може да следи брз автомобил.

Оперативната оддалеченост на беспилотното летало изнесува меѓу 300 и 500 метри, но засега може да лета само 15 минути.

air dog

Компанијата за проектот собра повеќе од 850.000 долари преку Kickstarter. Производството на Air Dog би требало да започне во октомври, а на оние кои обезбедија средства преку Kickstarter ќе им биде овозможена испораката еден месец подоцна.